Што е fakturiraj.mk

Фактурирајте едноставно и лесно


Fakturiraj.mk е посебна верзија од веб софтверот GoEasy наменет за креирање и менаџирање со фактури, трошоци, залихи и финансии преку интернет преку компјутер или мобилен уред

Само она што ви е потребно

Без сложени модули и функционалности, креиран за непрекината работа од првиот ден

Подобрена продажба

Ефективно работење со бизнис документи и контрола на наплата и трошоци брзо и едноставно

Бидете во тек

Имајте реален увид на вашиот приход,трошок,добивка и данок во секое време

Функционалности

Што добивате со fakturiraj.mk


Модул за фактури

Креирајте и праќајте фактури и профактури до вашите клиенти брзо и едноставно, и имајте точна евиденција на својот приход, трошоци, профит/загуба и ДДВ
GoEasy автоматски ќе ги известува вашите клиенти за навремена наплата, помината валутација, промоции и сл.

...
Продукти и услуги

Внесете ги вашите продукти и услуги и имајте прецизна евиденција која група или модел најмногу ви се продава и на кој клиент

Клиенти

Креирајте база на сите ваши клиенти , нивните податоци ќе ви овозможат полесно и попрецизно да управувате со вашиот бизнис

Цени и рабати

Со внесување на цени и рабати по сите клиенти добивате поавтоматизиран процес на правење фактури и профактури

Фактури и профактури

Креирајте и праќајте фактури и профактури до вашите клиенти брзо и едноставно, со што автоматски ќе бидат известени за навремена наплата, помината валутација и сл.

Финансии

Бидете во реален тек со својот приход, трошоци, профит/загуба и влезно и излезно ДДВ во компанијата преку визуелни извештаи

Извештаи

Следете го статусот и валутациите на вашите фактури, дознајте кои продукти/услуги најмногу ви се продаваат и каде


Модул за магацинско работење

Имајте контрола и следете ги сите влезни и излезни продукти распоредени во повеќе магацини/подружници
Евидентирајте ги сите ваши влезни фактури и бидете во тек со набавните цени од вашите добавувачи

...
Добавувачи

Креирајте база на сите добавувачи на компанијата, нивните податоци ќе ви овозможат полесно и попрецизно да управувате со вашиот бизнис

Влезни фактури

Евидентирајте ги сите ваши влезни фактури и бидете во тек со набавните цени од вашите добавувачи

Магацини

Имајте контрола и следете ги сите влезни и излезни продукти распоредени во повеќе магацини/подружници

Залихи

Во секое време и од каде било бидете во тек со реалните залихи во вашите магацини

Книжни одобренија

Креирајте книжни одобренија и евидентирајте кои продукти сте ги повлекле од клиентите.

Извештаи

Имајте контрола на состојбата на магацинот, што најмногу набавувате, од каде и по кои цени


Модул за евиденција на трошоци

Внесувајте ги вашите тековни трошоци по категории и имајте прецизна евиденција каде и кога имате најмногу трошоци
Внесете поврзани трошоци за секој влез на продукти со што ќе имате евиденција за вистинската влезна цена на секој од продуктите

...
Добавувачи

База на вашите добавувачи со кои имате склучено договори за режиски трошоци, хонорари, бизнис трошоци и сл

Категории на трошоци

Користете веќе дефинирани категории на трошоци и креирајте нови за полесно да ги организирате трошоците

Трошоци

Редовно евидентирајте ги сите ваши трошоци за да добиете реална состојба на профит/загуба на компанијата

Плати

Евидентирајте ги платите на вашите вработени и имајте увид колку трошок имате по оваа категорија

Финансии

Добијте визуелна анализа за својот приход,трошоци, влезно/излезно ДДВ и дали сте во добивка или загуба

Извештаи

Погледнете во кој период имате најмногу трошок, по која категорија и по кој добавувач


Модул за сметководство

Автоматско книжење по веќе дефинирани сметки на сите излезни и влезни документи и трошоци. Едноставно книжење на изводи и прегледни извештаи за cahflow, побарувања/обврски, спецификација, аналитика, бруто биланс,заклучен лист

...
Контен план

Приказ на веќе спремни дефинирани конта по класи и спецификации со можност за додавање

Книжење

Едноставно книжење на налози, дефинирање на почетни состојби по клиенти и добавувачи

Спецификација и аналитика

Приказ на спецификација за одреден клиент или по одредено конто за одреден период

Побарувања и обврски

Визуелен приказ на тек на побарувања, обврски и добивка, денови на врзување на побарувања,обврски и залихи и приказ на добивка/загуба

CashFlow -тек на парични средства

Графички дијаграм по месеци за прилив и одлив на парични средства и движење на добивка/загуба

Извештаи

Табеларен приказ на бруто биланс за компанијата и заклучен лист, спецификации и класи

Серверски простор и бекап

Неограничен серверски простор со автоматски бекап на вашите податоци на различни локации со цел вашите податоци да бидат сигурни и достапни 24/7

Техничка поддршка

Вклучена техничка поддршка 8 часа дневно секој работен ден по телефон или емаил за брзо решевање на појавен технички проблем.

Клиентска поддршка

Нашите агенти ви стојат на располагање секој работен ден за каква било помош, асистенции или предлози при користење на софтверот.

Најчесто поставувани прашања

Кои се придобивките од Fakturiraj.mk?

Fakturiraj.mk е развиен со цел да го олесни и дигитализира креирањето и менаџирањето со фактури, трошоци, магацини и финансии во компанијата, без сложени модули и функционалности, едноставен и прегледен за работа преку кој било интернет прелистувач. Може да го користите преку интернет од каде било преку компјутер и мобилен уред.

Како се користи Fakturiraj.mk

Се регистрирате и може да го користите модулот за фактури до 50 фактури бесплатно. Во вашиот профил во секое време може да ги додадете и пробате останатите модули 30 дена бесплатно како што се менаџирање на трошоци, магацини, планер и сметководство. Пакетот може да го надградите со опцијата Креирај нарачка со што имате калкулатор за цени според одбраните модули.

Дали моите податоци се безбедни и заштитени?

Вашите податоци се целосно безбедни складирани во С.Македонија на Dedicated сервери со ISO сертификат, со автоматско правење на бекап на повеќе различни локации. Единствено само вие имате целосен пристап до сите ваши податоци кои сте ги внеле во софтверот.Со ваше одобрување може на вашите вработени да му дадете пристап до одредени опции.

Дали имам ограничувања при користењето?

Независно кој модул го користите вие немате никакви ограничувања во однос на функционалностите, обемот на внесени податоци и можностите на софтверот. Единствено сте ограничени во број на фактури кои ги правите на годишно ниво

Дали со Fakturiraj.mk може да се интегрираат и други модули?

Секако. Fakturiraj подржува интеграција со останатите модули од софтверот GoEasy како што се модулот за управување со јавни набавки и модулот за управување со проекти.

Што со моите податоци доколку се откажам од користењето?

Модулот го користите врз основ на месечен или годишен надомест зависно бројот на креирани фактури на годишно ниво. Доколку заради каква било причина сакате да престанете со користење, сите внесени податоци ќе ви бидат експортирани и доставени во соодветен формат.